Двегодишно девојче се удавила во гумен базен во Нови Сад. Нејзините родители дошле на гости во куќата на пријателите и додека подготвувале скара девојчето си играло во базенот.
Кога мајката дошла да го провери го пронашла беживотното тело на девојчето. Се обиделе да го реанимираат, веднаш повикале и брза помош но било предоцна.
Телото веднаш е испратено на обдукција.
Родителите се скршени. Во базенот немало повеќе од половина метро вода а се се случило за само неколку секунди.
Таткото бил до скарата на 2 метри од базенот а мајката влегла на минута во куќата за да земе нешто за девојчето кога се вратила малата Биљана веќе не покажувала знаци на живот.
Нејзиното 5 годишно братче постојано прашува кога ќе му се врати сестричката, мисли дека ја однеле на лекар. Родителите се во многу тешка состојба, а нивните роднини велат дека тешко ќе се носат со оваа трагедија – тие живееа за децата, ниту минут не ги оставаа сами .