Комисијата за верификација на фактите ги прогласи за соработници на тајните служби академик Томе Серафимовски и поранешниот началник на ДБК Слободан Богоевски. Како што пренесува Телма, на седницата се дискутирало и за досието на академик Божин Павловски, но одлучувањето било одложено.
Комисијата за верификација на фактите денеска ги лустрираше академик Томе Серафимовски и разузнавачот и долгогодишен прв човек на УБК, Слободан Богоевски.
Одлуката била донесена со 8 гласови „за“ и еден „против“, од Чедо Дамјановски, кој перманентно го критикува ваквиот начин на носење на одлуки од страна на лустраторите.
Скулпторот Серафимовски во последно време се јави како жесток критичар на лустрацијата, посебно по одлуката Славко Јаневски да биде прогласен за кодош.
Слободан Богоевски е лустриран поради издавање налог за незаконско следење на лица. Богоевски веќе два месеци е во притвор, обвинет за посредување во случајот Меркатор.
На седницата се дискутирало и за лустирање на академик Божин Павловски, но на барање на членовите Албанци, неговиот случај е одложен за наредната седница.