Направете си Панакота дома – рецепт


panna cotaPanna cota, е италијански рецепт со потекло од Пиедмонт. Во превод значи, готвена крема. Овој кремаст десерт, по структура е сличен со густиот пудинг, а вистинскиот вкус му го дава вкусот на малина. Уживајте пoлека. Оставете да се топи во вашата уста.

Потребни состојки:

  • 500мл слатка павлака
  • 2мл екстракт од ванила
  • 1 кесичка бел желатин
  • 150гр шеќер во прав
  • 100 мл вода
  • 200гр малини (свежи или замрзнати)

Начин на подготовка:

1. Желатинот го потопуваме во малку ладна вода да набабри. – Се става слатката павлака и шеќерот во сад за варење и се загрева на тивко до пред вриење(не смее да зоврие)

2. Се додава ванилата и се меша со жица за матење.
3. На благ оган, оставаме павлаката полека да зоврие, па вариме уште 15мин. Потоа го тргаме лонецот од оганот. Во павлаката го додаваме растопениот желатин и мешаме се додека не се растопи рамномерно.

4. Смесата се истура во плиток сад исплакнет со вода или во мали калапчиња за пудинг или суфле.

 Прелив*

Јагодите или малините се варат малку со шеќерот и малку се гмечат. На благ оган, во 100мл. вода , со постојано мешање растопуваме 100г. Шеќер во прав, се додека не добиеме сируп од шеќер. Кога ќе зоврие, вариме 1 мин. па додаваме малини кои ги грееме со постојано мешање.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1