Австриското место Броно има долгорочен проблем – што да направи со зградата во која што е роден Адолф Хитлер?
Жолтата трикатница на адресата Салцбургер Ворстат 15, Броно, Австрија, со години е празна.
Причината за ова е тоа што во 1989 година во неа е роден поранешниот нацистички лидер Адолф Хитлер. Многумина сметаат дека рушењето на зградата би било најлошо решение, но објектот е под заштита на споменикот на градот Броно. Сепак не било отсекогаш така. На таа адреса некогаш се наоѓала градска книжара. Исто така до пред шест месеци во неа се наоѓала работилница за физички хендикепирани лица.
Приказните за алтернативното место на раѓање
Паралелно со овој проблем, неодамна поставените австриски медиуми пласираа приказни како Хитлер всушност воопшто не бил роден во Броно, туку некаде на границата меѓу Германија и Австрија. Таквите приказни ја шокираа дел од австриската јавност.
„Ќе биде подобро ако конечно признаеме и речеме дека овде кај нас се наоѓа куќата на Адолф Хитлер. Ние не сме виновни за тоа, но ќе го направиме најдобро што можеме од фактите кои што ги имаме. Тие што тврдат дека Хитлер воопшто не е роден тука, ја избегнуваат вистината и не се соочуваат со неа“, смета историчарот Андреас Маислингер, кој живее во близина на овој град.
Соочување со минатото
Тој уште во 2000 година даде предлот да зградата се претвори во Куќата на одговорност“, која би се занимавала со конфронтација со нацистичкото минато, но, исто така тема на иднината. Неговиот предлог не наиде на потребниот ентузијазам, иако зад него застана Бранко Лустиг, продуцент на филмот „Шимдлерова листа“.
Актуелниот предлог од Маислингеров е зградата да се уреди како Народен универзитет.
Маислингер смета дека тоа не е лошо решение, но не гледа потенцијален проблем во тоа. „Единствениот проблем е во тоа што може лесно да се добие впечаток дека социјалната намена на куќата добива позитивен имиџ“, заклучил тој.