Мигрантите на Табановце убиени за пари?


Чув пискање, а се слушаше и женски глас. Кога заврши пукањето, комбето замина од местото, а јас излегов и ги видов убиениот и тројцата ранети емигранти, кои беа на возраст од 30 до 40 години, изјавил жител на Табановце за Дневник.

Според зборовите на селанецот возачот на комбето викал по нив и ги истоварил на патот.

Убиство-на-емигранти-во-Табановце-2-7„Потоа чув единечно пукање, па по неколку секунди повторно уште еден, па друг истрел. Не беше рафал, туку истрели од пиштол“, додал тој за крвавиот инцидент од вчеравечер кога еден илегалец најверојатно од азиска земја е убиен, а уште тројца се ранети во вооружен напад. Засега не се знае дали станува збор за меѓусебна пресметка на две групи илегалци кои се присутни во овој регион од каде што нелегално продолжуваат кон ЕУ преку Србија или, пак, тие биле цел на разбојници.

Полицијата се’ уште нема информации кој го извршил убиството на емигрантот и ранил други тројца, вчера во близина на селото Табановце. Повредените веднаш биле однесени во кумановската болница, но поради сериозноста на повредите биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Од МВР велат дека не е познат мотивот за убиството.

Убиство-на-емигранти-во-Табановце-2-6Неофицијално, превозникот со возилото за одреден паричен надомест ја превезувал групата мигранти кон границата со Србија. Кога пристигнале кај Табановце превозникот им ја покажал границата и им рекол да излезат од возилото и сами да се снајдат преку граница.

Тогаш мигрантите почнале да се расправаат бидејќи очекувале да бидат пренесени преку границата. Тогаш превозникот најверојатно од страв да не биде нападнат извадил пиштол и пукал во емигрантите. Убил еден, а тешко повредил тројца од нив. Најверојатно имало и други кои успеале да избегаат пред да дојде полицијата, пишува Дневник.

Извор – Дневник / Фото – Телеграф

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1