Во периодот од 28.06.2013-15.07.2013 година во Велес, во „Народен Музеј“, непознат сторител извршил кражба, при што одзел две сребрени монети – Тетрадрахма од времето на Александар Македонски, информираат од полицијата.
Крадецот од работното биро одзел и една сребрена филигранска белегзија, по што го напуштил лице местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.