Село со стотици 100-годишници – тајната е во јаката домашна ракија!


Луѓето во кинеското село Ченгмаи на островот Хаинан на југот на Кина се долговечни. Има над 200 жители кои имаат по сто години и барем неколкумина кои имаат по 110 години. Тајната, велат, лежи во јаката домашна ракија од ориз!

selo 100 godЧенгмаи има 560 000 жители. Тројца  од нив се по 110 години, а над 200 наполниле еден век.

Блиските семејни врски, работата на поле, исхраната во која преовладува овошје и зеленчук се главните фактори кои придонеле за долгиот живот на овие луѓе. Но, тие велат дека имаат уште една тајна волшебна состојка – домашната ракија.

104 годишната Су Јухе весело раскажува дека не поминува ден да не се напие од ракијата „три кокосови извори“.

Но, повеќе фактори реално влијаат на нивната долговечност.

– Вредни се, едноставни и широкогради, се хранат умерено, речиси вегетаријански, легнуваат рано и стануваат  рано – велат од огранокот на КП на Кина од ова место објаснувајќи го долгиот живот на жителите.

Ванг Каилу и Ву Аихе се венчале пред 68 години. Го виделе развојот и падот на Кина, војните, технолошката револуција но во нивниот живот не се промениле многу работи. Живеат во едноставна камена колиба, водата ја вадат  од бунар, работат како пред 7 децении.

Долг живот имаат и луѓето на Куба, на грчките острови, и на еден полуостров на Костарика. И за нив важи истото – силни семејни врски, едноставен живот, секојдневна физичка работа и добра исхрана – тоа е тајната на долгиот живот!

извор  Блиц / Kanal5

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1