Уапсен „најбараниот криминалец во ЕУ”


Шпанската полиција соопштила дека во градот Аликанте го уапсила Британецот Брајан Колин Черингтон, опишан како „еден од десетте најбарани европски криминалци и лидер на меѓународна нарко банда”.

4ac0ab84-c524-436f-8fd3-a976a3e9fad3Во акцијата биле уапсени вкупно тринаесет лица, обвинети за шверц на дрога во Шпанија, наменета за продажба ширум Европа.

Полицијата во станот на Черингтон запленила 220 килограми кокаин и му ги блокирала банкарските сметки, имот и роба во вредност од пет милиони евра.

Апсењето на 57-годишниот Британец доаѓа по тригодишна истрага, во соработка со Венецуела, Колумбија, Аргентина и Британија и со подршка на АМЕРИПОЛ, меѓународна полициска агенција која ги обединува САД и 19 латиноамерикански и карипски држави.

Богатството на Черингтон се проценува на 20 милиони фунти, пренесуваат британските медиуми, а тој е третиот британски криминалец уапсен од шпанската полиција последниве три месеци.

Макфакс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1