Со одлуката на судот во Клучборк во јужниот дел на Полска едно девгодишно дете е најзадолжено дете во Полска бидејќи судот не му дозволил да се откаже од наследство оптоварено со долг од 250.000 евра.
Двегодишниот Кевин Кокот Баран добил наследство од далечен роднина, а со тоа и огромни долгови од кои неговите родители во име на синот сакале да се откажат од наследството.
„Не сакаме наследство со толку големи долгови. Нашиот син ќе го бараат доверители, судски извршители. Во името на Кевин мора да ги подмириме трошоците од адвокатите, да патување поради судењето“, вели мајката на Кевин, Катажина Кокон Баран.
Судот образложил дека родителите не ги штитат интересите на децата кога се преземаат правни мерки кои ги надминуваат границите на управување со имотот на нивните деца, а родителите веќе поднеле жалба до повисокиот суд.
Нетпрес