Македонец загина во судир со грчки автомобил


soobrakjajka sudirТешка сообраќајна несреќа во која едно лице е починато се случила попладнево околу 12:50 часот на патот А3 Битола-граничен премин Меџитлија кај селото Жабени, јавува Курир.

До несреќата дишло при судир на два автомобили, „Југо“ со битолски и „Нисан“ со грчки регистрески таблички.

Според информации кои ги има полицијата во несреќата починал возачот на „Југото“, 49-годишниот битолчанец Томе К., додека едно женско и едно машко лице од грчкото возило поради повреди се пренесени во битолската болница.

Увидот е во тек, а сообраќајот на овој дел од патот во моментов е во прекин.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1