Хејзел Хамерсли има само две години, а веќе е добро позната на социјалните мрежи поради пораката која привлече илјадници луѓе.
Имено, 2-годишната Хејзел и нејзината мајка Морин постојано се во болница поради третманите кои ги добива девојчето поради тоа што е болно од рак.
Кога нејзината баба и дошла во посета, и раскажала дека кога таа била како малечка во болница, некое девојче залепило порака на прозорецот за да си го исполни времето и да се расположи.
Тие на прозорецот од болничката соба со големи букви напишале „Испратете пица во соба број 4112“, а тоа што се случило после тоа било сосема неочекувано.
Така Хејзел и мајка и решиле да напишат некоја интересна порака на прозорецот и да видат што ќе се случи.
Пораката стоела неколку дена без никаков резултат, а потоа се случило чудо.
Откако тие ја залепиле пораката, некој случаен минувач ја сликал и ја поставил на интернет, а корисниците на социјалните мрежи веднаш почнале да испраќаат пица во собата на малото девојче.
Тие добиле толку многу пици што Морин морала да ги замоли луѓето да престанат со испраќање, а потоа ги поканила сите другарчиња на малата Хејзел за заедно да уживаат во пиците.
Морин вели дека нејзината ќерка била многу расположена и среќна, што и ја исполнило душата и за момент заборавиле на ужасната болест.