Бремена атлетичарка добила срцев удар и починала – лекарите го спасиле бебето (Видео)


meskerem_2

Требало да поминат уште три недели за да го донесе на свет и своето второ дете.

Во понеделникот била на ручек во кинески ресторан во Хамден заедно со своето друго дете.

Во еден момент и се слошило и паднала на под. Спасувачите од итна помош прво се обиделе да ја реанимираат на лице место, по што била пренесена во болница.

Легес за жал починала по пат накај болница, но докторите во болницата за среќа извршиле успешен хируршки зафат, со што успешно е донесена нејзината ќерка на овој свет.

Се уште не постојат прецизни информации за причината на нејзината смрт, но нејзините блиски луѓе тврдат дека Етиопјанката имала проблеми со срцето, поради шти и престанала да се занимава со спорт.

Легес на 17-годишна возраст настапила на Олимписките игри во Атина во 2004 година во трка на 1.500 метри, но не го поминала првиот квалификациски круг.

meskerem_1

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1