Испукани краеви на устата – како да ги лечите


Аголен шејлајтис, хеилоза или аголен стоматитис е воспалителна лезија на аголот на устата, и често може да се случи на двете страни.

usta ispukana2Состојбата почнува како длабоки пукнатини, а во полоши случаи, може да искрвари кога устата е отворена и да се створат плитки чирови или да се формира кора. Испукнатите агли на устата може да бидат предизвикани поради недостатоци во исхраната, габични инфекции, или поретко бактериски инфекции и задолжително треба да консултирате лекар.

Најчести причини за појава на испукани краеви на усната пропратени со болки се следниве:

1. Бактериска инфекција од групата стрептококи и стафилококи, користење на заеднички прибор за јадење и пиење

2. Недостаток на витамините Б2 и Б12 и фолна киселина

usta ispukana1

3. Намален имунитет

5. Дијабетес и ендокрини пореметувања4. Анемија и недостаток на железо

6. Поради постојано навлажнување на аглите на устата

7. Дишење на уста и цицање на прст кај децта

8. Габична инфекција

Оваа инфекција трае неколку недели, а се смирува постепено. Сепак, во некои случаи може да премине и во хронична инфекција со појава на темни пигменти на аглите на устата. Се лекуваат со антибиотска маст или антигабични препарати. За да ја намалите можноста за појава на оваа инфекција зголемете ја употребата на овие витамини и минерали.

Храна богата со со витамин Б2

602974_1402481559963418_1376018178_n1. Екстракт од квасец кој е богат со витамин Б1 и е извор на витаминот Б12

2. Црн дроб од јагнешнко месо

3. Сушени билки, зачини и пиперки. Употребувајте повеќе суви билки во сите јадења кои ги конзумирате меѓу кои се и коријандерот, нането, магдоносот и чилито во прав

4. Бадемите се одличен извор на витамин Е, калциум, протеини, цинк, магнезиум, калиум, бакар

5. Сува печена соја има низок степен на натриум, но е одличен извор на витаминот Б2

bademi

6. Сирењата како Рокефорт, Бри, содржат многу протеини, витамин Б12 и Б2.

7. Пченичните трици се богати со растителни влакна и содржат витамин Б6 и магнезиум.

8. Рибата скуша, атлантски лосос и пастрмка се богати со протеини и витамините Б1, Б6 и Б12. Скушата има најмногу рибофлавин.

9. Сусамот исто така е богат со калциум, железо, протеини, бакар, цинк и витамините Б1 и Б6

Меѓу храната која содржи поголеми количини на железо се наоѓаат

riba1. Школките, остригите, ракчињата, октопод, црн дроб од свинско, пилешко, мисиркино јагнешко и јунешко месо

2. Железо има и во семките од тиква, сусамот, сончогледот, семето од лен, оревите, лешниците, кикириките, бадемите,ф`стаците

3. Грав, леќа, соја, спанаќ, блитва, варена репка, темно чоколадо, какао во прав

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1