Едно лице е повредено при тешка сообраќајна несреќа која утринава околу 7:30 часот се случила на два километри пред Стража, на патот Гостивар-Стража, јавува порталот Курир.
Според порталот во несреќата учествувале автобус на „Транскоп Битола“ и „Голф 2“. Автобусот, како што дознава Курир, се движел кон Гостивар, а „Голфот“ кон Кичево, по што дошло до судир меѓу двете возила .Според нашите информации со лесни повреди се здобил возачот на „Голфот“, 33-годишниот Е.А. од селото Зајас кој бил пренесен во кичевската болница пишува Курир.мк .