Нов вирус за кој научниците сметаат дека е најголем од сите кои досега постоеле на Земјата е откриен неодамна.
Вирусот наречен Пандоравирус со големина од еден микрометар е речиси за десет пати поголем од останатите вируси.
Сознанието дека се’ на се’ само 6 отсто од неговите гени претставуваат материјал кој досега е виден на нашата планета, ги навело истражувачите од Франција на помислата дека вирусот доаѓа од далечното минато или можеби од друга планета, најверојатно Марс.
Овој голем вирус може да се најде само под вода и не претставува опасност по луѓето, а благодарение на неговата големина може да се види и под најосновен микроскоп.
Сепак, истражувачите веруваат дека вирусот отвара многу прашања за историјата на животот на Земјата.
Според Д-р Жан Мишел Кавери, научникот кој го открил вирусот, новиот Пандоравирус настанал од древен тип на клетки кој не постои повеќе. Тој изјавил дека прво помислил оти станува збор за бактерија, бидејќи вирусот е исклучително голем и не поседува регуларен облик кој се поврзува со вирусите.
Кога го донеле Пандоравирусот во лабораторија тој бил ставен во раствор на антибиотици со цел да се убијат присутните бактерии.
Овие примероци се ослободени од бактерии, а потоа изложени на амеби, знаејќи дека доколку тие умрат, тоа би предизвикало нешто друго покрај бактериите.
Научниците сеуште не знаат како оваа клеточна форма станала вирус, но претпоставуваат дека еволуирала како одбрамбена стратегија.
Се очекува во иднина да бидат пронајдени и други големи вируси.