Апел за помош пристига од последната куќа од Источна Македонија, од беровско Двориште, рачињата на малата Веска се подаваат кон хуманите и молат за помош за со нив да го фати цврсто животот. Апелот го пренесува Тв Стар
Последната куќа во Двориште на само неколку стотина метри од бугарската граница, го крие животот на дното на ова семејство. Во старата куќа во 4 соби исполнети со влага и пренатрупани со душеци за спиење, живеат 16 луѓе, меѓи нив и повеќедетното семејство на мајката Сузана. Нејзината ќерка денеска ја тестира хуманоста на луѓето, но и на државните институции кои пропагираат повеќедетни семејства, а знаат ли како да им овозможат достонствен живот.
Вродениот хендикеп на рацете на двегодишната Веска се заканува да и ја загрози функцијата на прстите, па детето во ова време на напредна медицина, поради сиромаштијата на нејзиното семејство и крајно потребните 30 илјади денари за операцијата, може да остане инвалид за цел живот.
Сузана Глинџурска вели дека прстите и беа залепени, со операција и се одлепени но при ова операција се оштетени тетивите, па треба друга операција.
Бремето на сиромаштијата и тешкиот живот со сета тежина се струполило на грбот на оваа 34 –годишна жена, мајка на 4 мали деца. Покрај болеста на малата Веска и посебниот режим на нејзината исхрана што изискува големи трошоци, притворот на сопругот поради шверц со цигари, само ја зголемува нејзината голгота.
Сузана вели дека додека бил тука сопругот се грижел за семејството, да им ги обезбеди потребните намирници.
Како да помогнете – информации на Тв Стар