Ако имате дома ѓумбир, вашето тело ќе ви рече благодарам. Освен што одлично делува на расположението и го ублажува стресот, ѓумбирот е мелем за желудникот и за цревата, а познат е и како лек против грип, настинка, мачнина, ја подобрува циркулацијата и го подигнува имунитетот.
Состојки за супер освежувачот и лековит пијалок се 4 шолји вода, 2 парчиња свеж корен од ѓумбир пресечен на дебелина од 5 сантиметри, а доколку сакате може да додадете малку мед или резанка лимон. Излупете го ѓумбировиот корен и исечете го. Ставете го во зовриена вода и варете го на тивок оган 15-20 минути. Потоа процедете го чајот и додадете мед и лимон по желба.