Во фабриките нема клима-уреди, но има камери на секој агол


Немаме разладување во фабричките хали, секојдневно работиме во неиздржливи услови, а годишните одмори се неизвесност – ниту знаеме кога ниту колку дена ќе добиеме, велат вработени по фабриките од регионот на Гевгелија, Валандово, Дојран и на Богданци пишува Нова Македонија

tekstil-tekstilna-fabrika-D[1]На плус 35 степени измерени под сенка, тие работат во фабричка хала пред десетина вжештени машини, без ниту една клима во просторијата. Како што следува законски, имаат право на половина час пауза, но од друга страна не можат да си земат слободен ден кога ќе се разболат. Во тој случај добиваат одговор од своите работодавци дека тој ќе им биде сметан за ден од годишниот одмор. А кога ќе одат на годишен одмор – тоа никогаш не се знае и не зависи од нивните планови, туку само од волјата на газдите, кои потпишуваат решенија за одмор од 12 работни дена што вработените никогаш не ги искористиле во целост. Штом се отвори работа, веднаш повторно ги повикуваат назад, па макар излегле и надвор од државата.

Што велат законите

Во Правилникот за минимални барања за безбедност и здравје на вработените,  е наведено дека температурата во работните простории треба да биде соодветна за вработените и да одговара на методите за работа што ги користат, како и на нивните физички капацитети, а исто така треба да се преземат мерки за во затворените работни простории да има доволно свеж воздух. Според Законот од истата област, глоби од 5.000 до 8.000 евра следуваат за работодавците што, меѓу другото, не вршат испитувања на микроклиматските услови во работните простории, кои законски треба да се прават и во зимски и во летен период.

Целата сторија на Нова Македонија 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1