Направија облека која ја менува бојата?


Од мали кристалнни структури кои се наоѓаат во крилјата на тропските пеперутки, може да се направи облека која ќе ја менува бојата, тврдат научниците. Едвај забележителните разлики во слоевите на крилјата на пеперутките се тие кои прават различни бои на една ткаенина, откриваат истражувачите.

Ulysses butterfly on foliageТие веруваат дека овој процес може да се примени на материјали кои се користат за да се направи облека, која во зависност од аголот на гледање може да ја менува својата боја. Кај три пеперутки на кои е вршен експериментот беше забележано преливање во други бои кои се менуваат во зависност од аголот на кој се гледа.

Тие заклучија дека пеперутките од видот Улисиес имаат сино-зелена боја, која се менува кога се гледа одозгора.

Пеперутките од видот Папилио перантус имаат жолто-зелена боја, а пеперутките од видот Емералд имаат интензивно зелена боја. Сепак, кога се гледаат од друг агол сите пеперутки заедно добиваат темносина боја.

Emerald Swallowtail (Papilio palinurus) butterfly, southeast Asia

За да се испита зошто е тоа така, научниците ги набљудувале крилјата преку специјален микроскоп и заклучиле дека кај секој вид има различен број на цврсти, рамен и воздушни слоеви.

Ваквата структура е слична на структурата на огледало кое рефлектира само одредени бранови должини на светлина и боја, пишува „Дејли мејл”. Научниците веруваат дека откритието би можело да доведе до создавање на материјали на кои би се менувала бојата.

Со нив би можело да не направат и парчиња облека кои преку ден би имале неутрална боја, а кога ќе падне ноќ облеката би имала силна и впечатлива боја.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1