Благ пад на примени предмети за извршување, но и опаѓање на наплатата за првите 6 месеци од годината. Комората ги сумираше пологодишните бројки. Примени се 70,000 предмети, што во однос на истиот период лани значи 13 илјади предмети помалку. Извршителите наплатиле речиси 47 милиони 157 илјади евра од должниците.. Ова, според претседателот на Комората за извршување, Станковиќ, се должи економската криза и намалената моќ на граѓаните да ги враќаат долговите.
-Тоа значи дека банките помалку кредитираат и затоа пуштаат помалку предмети за извршување. Има намалување и во извршувањето кај недвижнините. Ние имаме опрема, машини , автомобили кој не се продаваат и на неколку лицитации. Самото тоа покажува дека или нема интерес или пак луѓето немаат пари., изјави Гордан Станковиќ, претседател на Комората на извршители.
Преносот на предметите кои до скоро беа во надлежност на судовите , често создава конфузија кај граѓаните. Ако заборавиле да платат некоја сметка за струја, парно или телефон пред 15 години, таа сега доаѓа за наплата преку избвршител, зголемена со камати за сите тие години.
-Иако според законот за облигациони односи, после 5 години делото застарува, доаѓаат сметки од пред 14,15 години . Како судот ги водел и зошто ги чувал толку долг период, а во исто време не ги известувал должниците, треба тие да се прашаат. Е сега проблем настанува кога тие сметки треба да се платат зголемени со камати за сите тие 15 години години, додава Станковиќ
Граѓаните се поголеми должноци од правните лица, а најмногу не плаќаат за парно, струја или телефон или рати за кредити кај банките. Најдобри резултати за наплата на побарувањето,,ако долгот не е голем, вели Станкович, се постигнува со блокирање на транскциските сметки на кои стигнува плата.