Иако до неодамна се веруваше дека процесто при кој кожата на рацете и нозете во вода се собира нема никаква функција, научниците утврдија дека ова не е точно.
Сите барем еднаш сме се прашале зошто ни се брчкаат прстите на рацете или нозете кога ќе излеземе од вода.
Ова има важна еволуциска функција – вака се овозможува полесно да ги фатите лизгавите и мокри предмети.
Истражувањето е спроведено на 20 луѓе и 45 влажни камчиња. Од нив било побарано да ги префрлуваат камчињата од еден во друг сад. Се покажало дека им требаат 15 секунди помалку за ова, кога прстите им се собрани од вода.
Наборите се еднакви на функционирањето на ѓоновите на чевлите и автомобилските гуми.