Двајца разбојници облечени во тегет комбинезони изутрината во 7:20 часот ја ограбиле поштата лоцирана на улицата Џон Кенедии во скопската општина Чаир.
Разбојниците вооружени со пиштоли влегле во поштата и од вработените одзеле 13 милиони денари по што побегнале на мотори. Од Македонски Пошти подетални информации ќе објават во текот на денот.
Полицијата трага по сторителите.