Застрелан сопственик на златара во Скопје


На 25.07.2013 година околу 08,00 часот во Скопје, на ул.„Покриена Чаршија“ бр.55, во златарата „Љама“, две непзонати лица маскирани со фантомки на главите, едното вооружено со пиштол, а другото со гумена палка, извршиле разбојништво во обид над сопственикот Р.В.(1973) од Скопје.

pistolЛицата влегле во златарата и едното од нив го удрило Р.В. со палката во пределот на главата, а другото со пиштолот испукало неколку куршуми кон него, при што го погодило во пределот на десното рамо, левата натколеница и стомакот.

Разбојниците не одземајќи ништо избегале. Р.В. е пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“, каде му се утврдени ТТП и е задржан на лекување. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицата – соопшти МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1