Полицаецот кој вчера, среде Штип, бил фатен како се самозадоволува во полициско возило, се правдал дека му влегла бубачка во гаќите, па се обидувал да ја извади, пренесе „Вест“.
– Со полуотворен прозорец и со спуштени панталони, полицаецот, седнат на возачкото седиште, се опуштил и се допирал по половиот орган испуштајќи звуци на задоволство. Колешка вработена во МВР го забележала возилото паркирано на тротоарот и полека се доближила. Кога го видела како гол се допира во автомобилот, таа со трчање се упатила кај колегите од Полициската станица во Штип и им раскажала за случката, пишува весникот.
Кога стигнале до возилото, колегите го затекле занесениот колега сe уште гол и во истата поза. Го прашале што прави, а тој, преплашен оти бил виден, почнал да им објаснува дека не се самозадоволува, туку дека му влегла бубачка во гаќите, па се обидува да ја извади.