Се урна рингишпил во Србија – десет дечиња завршија во болница


Десет деца се повредени синоќа при уривање на рингишпил во местото Мали Црнци во близина на српскиот град Пожаревац.

1521067fКако што објави електронското издание на весникот „Блиц“, четири од децата се здобиле со посериозни повреди, но засега нема имформации дали некои од нив се во животна опасност.

Повредените деца се хоспитализирани во болницата во Пожаревац.

Причините за уривањето на рингишпилот засега не се познати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1