Македонци измамени: Резервирале вили во Грција преку интернет и платиле депозит – вили нема


Група на Македонци ова лето ќе го поминат без одмор затоа што она што требало да биде прекрасен одмор на Лефкада, се претворило во голема измама и стрес за туристите кои што останале без резервацијата на две вили и без 1.500 евра!

mak-izmama-lefkada-03Имено, група од 12 Скопјани ова лето планирале да го поминат на еден од најубавите грчки острови Лефкада, а се со цел максимално да уживаат во одморот, преку британската интернет страница за резервации “Owners Direct”, тие го резервирале својот престој во вилите “Agrilides Villas”, но сигурно не можеле ниту да претпостават дека на крајот, тие ќе останат без своето сместување, без уплатениот депозит и на крајот, без својот одмор, пишува Точка 

Со оглед на тоа што станува збор за група од 12 Скопјани, тие за својот одмор резервирале две вили чија што вкупна цена за изнајмување изнесувала 3.000 евра, па така, секој од македонските туристи за својот одмор за сместувањето требал да издвои по 250 евра.

Од британскиот сајт за резервации им било побарано да уплатат депозит од 1.500 евра, како гаранција за вилите, а остатокот од парите Македонците требало да го исплатат непосредно по нивното доаѓање на Лефкада. Но, денес, еден ден пред нивното заминување на грчкиот остров, тие дознале дека всушност немаат никаква резервација на вилите и доколку заминат на Лефкада, тие нема да можат да се сместат на посакуваното место.

mak-izmama-lefkada-23Имено, станува збор за голема измама направена од страна на неименуван Шпанец, кој, хакирајќи го мејлот на вистинскиот сопственик на грчките вили, оставил свои податоци на местото за уплата на парите, па така, Македонците всушност нему му платиле 1.500 евра, односно 50% од сумата која што ова лето тие планирале да ја издвојат за одморот.

Кога македонските туристи стапиле во контакт со сопственикот на вилите, тој останал изненаден затоа што не бил воопшто запознаен со случајот за резервација од страна на македонски државјани.Исто така кажал и дека во периодот за кој што Македонците ја извршиле резервацијата, всушност веќе постои резервација направена од страна на Французи, така што Скопјаните во ниту еден случај не можат да бидат сместени во луксузните вили на Лефкада.

Револтирани од измамата, македонските туристи стапиле во контакт и со британската интернет страница за резервации од каде што им било соопштено дека во вакви случаи, тие можат да одговараат само за дел од уплатените средства, па така, на Македонците можат да им бидат вратени само 800 евра од уплатените 1.500.

Целата сторија на – Точка.ком.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1