На Бајрам не ги забораваат тие што немаат


Рамазан-бајрам е голем празник и мора да сториме с` за секој наш верник да го почувствува неговиот дух, да види дека не е осамен и заборавен од другите. Ние сакаме на луѓето на кои им е тешко, немаат никакви приходи, не знаат што ќе јадат утре, да им помогнеме за да можат и тие и нивните деца да му се израдуваат на Бајрам. Се обидуваме да им помогнеме на сите, а тие од година на година се с` повеќе, вели за Дневник Мустафа Даути, првиот човек на „ОХ Хилал“, хуманитарна организација што дејствува во рамките на ИВЗ и која вчера им подели хуманитарни пакети на 400 социјално загрозени семејства.

0930F737F4632D4DB2F6562F49504EBCПомошта што се доделува по повод утрешниот празник Бајрам е разновидна и главно е составена од брашно, шеќер, масло, детергенти, сапуни…, од тоа што организацијата успеала да добие од побогати луѓе што не го заборавиле дека треба да им се помогне на посиромашните. Вредноста на еден ваков пакет е околу 3.000 денари, а во текот на светиот месец рамазан им се поделени на стотици семејства – во Kуманово, Охрид, Дебар… секаде каде што можело да помогнат 13 организации на „ОХ Хилал“. Некаде се давале и облека, килими, предмети за домаќинство, с` што можело да се обезбеди од спонзорите.

Помагањето на сиромашните и на немоќните е една од неколкуте најважни димензии на исламот како религија. Солидарноста со тие што немаат е задолжителна исто како што се задолжителни молитвата, аџилакот, постењето… ИВЗ преку својата хуманитарна организација се обидува да допре до што поголем број луѓе што имаат потреба за помош. Со оглед на бројноста на корисниците и на акциите што секоја година ги спроведува, може да се каже дека оваа верска заедница предничи во споредба со другите кога е во прашање помагањето на социјално загрозените лица. При ова, помагањето не е ограничено само за луѓе што се муслимани туку и за тие од другите вери.

Традиционално, на овој празник верниците речиси задолжително подготвуваат баклава или алва како специјалитет. Познато е дека по повод празникот во трговските објекти чии сопственици се луѓе од исламска вероисповед производите за Бајрам се продаваат по пониски цени, токму од име на солидарноста.

Рамазан-бајрам се прославува три дена, по триесетдневниот рамазански пост, кога верниците се воздржуваа од јадење и пиење во периодот од изгрејсонце до зајдисонце. Постот е период кога верниците телесно и духовно се прочистуваат. Празникот е во спомен на објавувањето на светата книга на муслиманите, Kуран, во 610 година. Рамазан е еден од петте столба на исламот. Другите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенет (рајот) се отвораат, а портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Традиционален поздрав со кој на празникот меѓусебно се поздравуваат исламските верници е „Бајрам-шериф мубарек олсун!“. Правило е и на денот на празникот сите муслимани да бидат убаво облечени, а најчесто се облекуваат во бела боја. На денот на празникот се оди во џамија, а мажите ги посетуваат својата поширока фамилија и гробовите на починати роднини и пријатели.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1