Пешадија, морнарица – епа Русија сега ќе има и „Сајбер хакерска војска“


До крајот на годинава во структурите на руските вооружени сили ќе се појави род кој ќе одговара за информациската безбедност. За офицерите што служат во овие единици ќе биде задолжителна и лингвистичка обука. Претседателот Путин изјави дека информациските напади имаат поголема разорна моќ од обичното оружје.

KMO_135903_00006_1Пред извесно време претседателот Владимир Путин изјави дека е неопходно да се создаде ефикасна заштита од сајбер-нападите. „Треба да бидеме подготвени за ефикасно парирање во случај на опасност во информацискиот простор. Треба да се подигне нивото на заштита на ресорните инфраструктури, пред сè на информацискиот систем во стратешките и во критично важните објекти“, изјави шефот на државата на седница на Советот за безбедност на Русија, посветена на усовршување на организацијата на руската армија до 2020 година.

Путин потсети дека таканаречените информациски напади веќе се применуваат во решавањето на задачи од военополитички карактер. Во оваа пригода тој истакна дека тие напади можат да имаат многу поголема разорна моќ од обичното оружје.

Извор на РИА Новости во министерството за одбрана соопшти дека во руската армија уште годинава ќе биде создаден род кој ќе биде одговорен за информациската безбедност на земјата.

Според него, главна задача на овие единици ќе биде мониторинг и обработка на информациите што пристигнуваат од странство, а исто така и заштита од сајбер-напади, „со други зборови, нешто слично на американските сајбер-единици“.

Офицерите што се обучуваат за служба во овие единици ќе мораат да поминат и низ лингвистичка обука, односно да научат странски јазик, пред сè англиски.

hakeri1_1362838026_670x0Ова прашање стана предмет на поширока дебата минатата пролет, кога на разгледување го стави потпретседателот Дмитриј Рогозин. Во февруари министерот за одбрана Сергеј Шојгу им наложи на многу одделенија на Генералштабот да го завршат нацрт-планот за формирање на сајбер-команда.

Александар Шаравин, член на Академијата за воени науки и директор за политичка и воена анализа, вели дека на министерството за одбрана уште пред 10 години му било предложено да се формира ваква команда. „Ние тогаш мошне бурно дискутиравме за овие предлози, и колку што мене ми е познато, таква команда ќе биде формирана и во нашата земја. Заштитата на нашите сајбер-мрежи не е само задача на нашите вооружени сили, туку и на нашата полиција, односно на целата држава. Електронската војна веќе е во тек, што значи дека новата команда нема само да ја брани нашата земја од напади, ами и во случај на нужда ќе им возвраќа на напаѓачите“, изјавува за РИА Новости експертот, додавајќи дека Русија во оваа област би можела и да ја престигне конкуренцијата, ако обрне внимание на мислењето на експертите, зашто ова прашање беше актуелно „и вчера и завчера“.

mobilni-operateri-mobilni-telefon-hakeri-prevara-sim-kartica-telekom-telen-1348522632-211988„Концепцијата на примена на сајбер-оружје е разработена пред шест-седум години. Сега ова оружје е на второ место според значењето, веднаш зад нуклеарното“, изјавува во интервју за весникот „Взгљад“ Анатолиј Циганок, раководител на Центарот за воено прогнозирање и доцент на факултетот за светска политика при Московскиот државен универзитет „Лононосов“. „Сајбер-оружјето активно се применува во вооружените конфликти, а последен пример за тоа е интервенцијата во Либија, каде САД не го контролираа само воздушниот простор […], туку и телекомуникациските мрежи. Американците продреа во либиските телевизиски мрежи и емитуваа програма за локалното населенињ.“

Според Анатолиј Циганок, ова прашање најдобро го има разработено Израел, каде во 2005 година беа воведени нови дигитални технологии. „На второ место е американската сајбер-заштита, а на трето е заштитата на западноевропските земји“, истакна тој.

internet hakeri spioniranjeПред извесно време министерот за одбрана Сергеј Шојгу наложи да се стапи во контакт со студентите на еден санктпетербуршки универзитет, кои по петти пат станаа прваци во светот во програмирање. „Денес на телевизија видов дека студентите од еден санктпетербуршки универзитет по петти пат станаа прваци во светот во програмирање. Треба да се најдат тие момчиња и со нив да се изврши разговор, зашто ни се потребни“, рече министерот за одбрана во текот на една средба со ректорите на универзитетите и со јавноста, на која беа разгледувани прашањата за научните воени единици.

„Министерот за одбрана лично мене ми наложи да се сретнам со овие момчиња и да им раскажам за проектите поврзани за создавање софтвер за потребите на вооружените сили на кои сега активно работиме“, им изјави на новинарите заменик-министерот Олег Остапенко. Според него, решавањето на овие задачи изискува врвно мајсторство и нестандардни пристапи во изградбата на оптимални алгоритами за нивно решавање, а потоа и за креирање на самите програми.

„Сиве овие особености отсекогаш ја краселе токму руската школа за програмери, која има извонредна репутација во најголемите софтверски компании низ целиот свет. Можеби определени проекти би можеле да бидат интересни за овие момчиња“, го цитира Остапенко РИА Новости.

Во секој случај, вели Остапенко, министерството за одбрана е подготвено да им ги обезбеди сите потребни услови и да ги финансира проектите на ниво кое не е пониско од пазарното, со цел нивната работа да биде поефикасна.

Взгљад/руска реч

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1