Французинката исчезнала по кавга со мажот кичевчанец – мвр се сомнева дека ја напуштила земјата


Од кичевската полиција потврдиле дека 39 годишната Французинка Валери е пријавена за исчезната, пишува Канал 5. Според телевизијата, Валери со својот сопруг кичевчанец, кој привремено работел во Франција, била во Кичево на одмор.

Се претпоставува дека Валери го напуштила домот по семејна расправија. Од кичевската полиција велат дека таа повеќе не е во Кичево и дека најверојатно веќе ја напуштила земјава.

Сопругот на Валери го пријавил случајот во полиција и низ Кичево поставил повеќе слики од својата сопруга, со текст дека таа е исчезната и се трага по неа. Тој напишал и дека Валери е висока 168 сантиметри и дека кога го напуштила домот носела розеви „Адидас“ патики. Тој бара од граѓаните да пријават доколку ја видат неговата сопруга.

„На 25 јули синот и мојата сопруга имаа недоразбирање поради мачката. Го натепа. Бев нервозен и ја прашав зошто му вика за ништо. Видов дека ја нема во собата кога отидов да спијам, колу 22:30. Излегов во градот да ја најдам, но ја немаше. На 26 јули пријавив во полиција, бидејќи таа никогаш досега не спиела надвор од дома. Секоја година доаѓа тука, добро го знае Кичево, го знае Охрид, знае други  места во Македонија, Струга, Маврово, Скопје. Зборува албански јазик, зборува англиски и француски“, вели сопругот на  исчезнатата Валери, Илир Незироски.
 Тој во изјава за Канал 5 кажува дека Валери во последниот период била малку депресивна затоа што имала здравствени проблеми, имала рак.
„Не сакам да верувам, но можно е да извршила самоубиство. Или некој ја киднапирал. Се надевам и се молам да ја најдам. Тешко е бидејќи не знам што и се случило и сакам да ја најдам што поскоро“вели тој.
Илир Незироски со Валери живееле заедно 20 години, а имаат и 18 годишен син.

Valeri

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1