Кејти Џи и Кристи Труп, вчера со посебен лет биле пренесени од Танзанија во Британија. Изгорениците на рацете и лицето се тешки, но лекарите тврдат дека можело да биде и полошо бидејќи биле нападнати со разредена киселина, а не со сто-процентна.
Осумнаесет годишните хуманитарки, кои пред два дена биле нападнати од непознат сторител на Занзибар, и порано биле напаѓани од страна на локалното население, пренесува Telegraph.
Кејти Џи и Кристи Труп од Лондон работеле како наставнички во кругот на една хуманитарна програма во Танзанија. Киселината во лице им била фрлена од страна на двајца непознати мажи, кои крај нив минале со мопед. Девојките се здобиле се тешки изгореници на главата, градите и рацете, а вчера со посебен лет биле пренесени во Британија и сместени во болница на лечење. Лекарите велат дека киселината со која биле полеани била разредена со вода. “Изгорениците на рацете ги добиле бришејќи го лицето. Можело да биде многу полошо”, изјавил лекар од Танзанија.
Се дознало дека неколку дена пред инцидентот девојките се скарале со некој во локална продавница, па сега локалната полиција се сомнева дека можеби тоа било мотив за напад. Една жена и пред тоа ја нападнала Кејти бидејќи пеела за време на Рамазан. Нивните пријатели сметаат дека мотивот за напад е верски, бидејќи и двете девојки се Еврејки.