На местото на McDonald’s во Скопје, Охрид и Тетово наскоро ќе бидат отворени ресторани за брза храна на познатио грчки бренд Goody’s, објави порталот zase.mk повикувајќи се на извори во фирмата која ја поседуваше франшизата за McDonald’s.
Порталот не објавува повеќе информации освен дека се очекува ребрендирањето да започне во скоро време.
Goody’s е најголемата компанија за брза храна во Грција основана во 1975 година во Солун. Досега овој бренд има отворени свои ресторани и во Кипар, Бугарија и Португалија.
Рестораните на McDonald’s во Скопје, Тетово и Охрид по 15 години успешно работење беа неочекувано беа затворени на 14 мај. Над 200 вработени останаа дома без прецизна најава дали и кога ќе се вратат на работа. Иако повеќе од половина месец не работеа, ним им беше ветено дека доколку се отворат рестораните, сите веднаш ќе се вратат на работа.