Залутан куршум завршил во ветробранското стакло на минибус на патарината Гостивар – Тетово. Инцидентот кој преплашил петмина гостиварчани се случил вчера во 13:40 часот.
Во минибусот биле возачот и четири патници. Куршумот долетал во ветробранското стакло на минибусот, додека чекале да платат патарина.
За среќа куршумот не го пробил стаклото и никој не бил повреден.
Полицијата работи на расветлување на случајот.