Тајна на Југославија: Аутопсија на вонземјанин од НЛО? (Фото)


Во близина на малото село Оточек во поранешна Југославија, во 1956 година било забележано рушењето на НЛО од кое што било извлечено тело на непознато суштество.

nlo2Со оглед на тогашните политички прилики, настанот набрзо ја добил ознаката “строго доверливо”, а на жителите и сведоците им било кажано дека станува збор за воена вежба која што ја изведувала тогашната Југословенска народна армија.

Но, Иван Крамер, кој што пишувал за овој случај, уште пред неколку години тврдел дека станувало збор за “официјална верзија”, многу поразлична од реалноста:

“За телото, чија што една половина била закопана под земјата, беше кажано дека му припаѓало на пилотот од воздухопловството и рекоа дека било деформирано како последица од пламенот и жештината.

Темнината во ноќта на војската им помогна оваа теза да ја претстават како уверлива”, започнал Кремер.

nlo4“Вонземското суштество веднаш беше одвезено во Белград, со воена амбуланта и во главниот град на тогашна Југославија му беше доделена воената болница. За неколку часа, дел од најважните научници во тогашната заедничка држава дојдоа и започнаа да го вршат испитувањето на мистериозното тело”, додал Кремер.

Помеѓу научниците кои што ја воделе аутопсијата наводно биле и наредникот Андреј Зобол и двајцата патолози Никола Јулиќ и Зоран Фредериќ, луѓе кои што имале огромна доверба кај тогашната југословенска влада.

Фотографиите за првпат се појавиле во јавноста во 1999 година, како што велат како последица од нечие невнимание.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1