Oтштета за возилата исчкртани во Грција – „Аврио“


Граѓаните чии возила се оштетени во Грција обесштетување треба да бараат од грчките осигурителни компании, децидни се во Националното биро за осигурување на Македонија. За да го остварат ова право, освен тоа што имаат меѓународно осигурување, зелен картон, кој е задолжителен кога се патува во странство со возило, мора да го пријават случајот во грчката полиција, а таа треба да открие кој ја направил штетата, што ја прави целата работа невозможна мисија, пишув Дневник.

vozilo grcija sprejПраво на обесштетување во земјава може да бараат само оние граѓани на кои возилото им е каско-осигурено. Во спротивно треба од својот џеб да одвојат од 400 до 1.000 евра за бојадисување на возилото во зависност од бојата и од големината на површината.

– Сите други штети што настануваат надвор од границите на државата, во овој случај во Грција, мора да се пријават во матичната држава, односно во нивната полиција за што треба да постои и записник. По ова најчесто се поднесува пријава против непознат сторител од нивна страна. Случајот мора да се докаже, а штетата на крајот се пријавува во нивното национално биро, кое дава налог да се исплати одредена сума – велат во „Еуролинк осигурување“.

Од 53-те оштетувања што ги пријавиле македонските државјани, 37 се кражби на регистарски таблички, од кои во 25 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори со 6 кражби. Во однос на оштетените возила, бројката на вакви настани сега нарасна на 13 случаи.

Од вкупниот број случаи, 34 се пријавени од страна на наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР с` уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. 27 од македонските граѓани што пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а другите се од други места во државава.

Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1