Кривата кула во Пиза се исправува


Познатата Крива кула во Пиза полека но сигурно се враќа во исправена положба.

Според годишниот извештај кој го издаде официјалната група за надзор на славни градби, Кулата се исправила за околу 2,5 сантиметри во период од 2001 до 2013 година.

piza1Од 1992 година, нагибот на кулата се намалил вкупно од 4,5 на 4,1 метар, поради интервенција за спасување.

Прва од нив, која ја водел професорот Микеле Јамиолковски, вклучувала зацврстување на првиот кат од Кулата со 18 челични кабли, а потоа и замена на бетонските блокови под земјата.

Во јануари 1991 година, спроведена е последна интервенција- ископана е земја под темелите на кулата поради што Кулата упаднала подлабоко и нагибот се намалил.

Споменатото  намалување на нагибот, во последните 12 години е победа на експертите: предвидуваат дека Кулата е сигурна во наредните 200 до 300 години.

Сепак, ќе го задржи нагибот поради кој стана светска атракција, пишува Хафингтон пост

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1