Македонија за три минути ја реши Бугарија


Фудбалската репрезентација на Македонија во пријателски меч ја совлада Бугарија со 2-0 (0-0).

fudbal mak bugarijaДвете репрезентации имаа по неколку можности за постигнување на гол, најсериозните за Македонија ги имаа Адис Јаховиќ во третата и Горан Пандев во 53-та минута, за Бугарија најубавата можност ја имаше Тонев во 28-та минута кога излезе сам пред Пачовски, но неговиот удар беше непрецизен.

Решавачките моменти на натпреварот се случија во 83-та минута и 86-та минута кога Агим Ибраими од пенал и Александар Трајковски го совлада Михајлов. На пеналот, кој го реализира Ибраими му претходеше прекршокот на Христов врз Ристовски, додека Трајковски одлично го реализира длабинското додавање на Мојсов.

Македонија со оваа победа ја прекина серијата од четири порази, на кои играчите на Јаневски не постигнаа ниту еден гол и си направија добра увертира за престојните квалификациски натпревари со Велс и Шкотска.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1