Од октомври животните во државава може да се хранат со генски модифицирана храна. Правилникот за условите за издавање одобрение за ставање во промет на ГМО-храна е готов и пред неколку дена е излезен во „Службен весник“.
Во Агенцијата за храна велат дека правилникот е само синхронизиран со европските закони и дека Македонија не е ништо различна од другите земји.
За нецели четириесетина дена сите фирми што се заинтересирани за увоз, со посебно одобрение може да увезуваат и произведуваат храна за животни што содржи ГМО.
Посебно обележување на сточната храна не е потребно ако таа во својот состав има помалку од 0,9 отсто храна произведена како ГМО. Во спротивно, на декларацијата мора да стои дека крмната смеса е генски модифицирана.
– Ако животното е хрането со пченка или со соја со ГМО, тоа значи дека месото, путерот или сирењето добиени од такви животни може да содржи генетички модифицирани организми – објаснуваат тие. ИМАМЕ ЛИ НИЕ ГРАЃАНИТЕ ИЗБОР ?