33 годишниот ѕидар од Штип, П.К. бил каснат од оса за јазикот додека си јадел сендвич, пишува Вест. Јазикот веднаш му потекол, а за кратко време почнал и да се гуши. Неговите колеги повикале Брза помош, па ѕидарот бил спасен во последен момент, пренесува весникот.
-Се консултиравме со кожен лекар и веднаш на пациентот му ја дадовме потребната терапија. Потоа го освеживме и го оставивме половина час да лежи во брзата помош, малку да му се стабилизира состојбата, изјавила за Вест, дежурната докторка од брзата помош Јулијана Џамбазова – Ташкова.
Работникот за Вест раскажал дека додека појадувал забележал дека има осило на куќата на која работел. Тој бил внимателен, но, не забележал дека оса му застанала на сендвичот кој го јадел. Тој каснал еден залак и осата го каснала.
-За миг помислив дека јазикот и целата уста ми е голема колку главата, и почнав да се душам. Тогаш колегите повикаа брза помош која брзо интервенираше и ме спаси, раскажал ѕидарот за Вест.