ЦИА призна: Мистериозната област 51 постои – не кажува што се прави таму


Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) призна во нов документ од кој е симната ознаката за тајност, дека во Невада навистина постои мистериозната локација, позната како Област 51.

area 512Според документот, кој вклучува и мапа на локацијата на базата во Невада, областа 51 била само локација за тестирање на владиниот авион У-2 и програма за воздушно надгледување OXCART. Програмата У-2 спроведувала надѕор ширум светот, вклучувајќи го и Советскиот сојуз за време на Студената војна.

Бројните шпекулации за таа област поттикнаа многу теории на заговор, укажува „Ју-Ес-Еј Тудеј“. Националната безбедносна архива од Универзитетот Џорџ Вашингтон објави историјат на шпионската авионска програма У-2 врз основа на барање на јавноста.

Соработникот на архивата Џефри Ричелсон го анализирал историјатот од 2002 година, но сите податоци за Областа 51 биле недостапни. Ричелсон во 2005 година повторно побарал историски подаотци и пред неколку недели добил верзија во која се споменува Областа 51.

area 51Американски претставници веќе признаа дека го „заобиколуваат“ постоењето на установата во централна Невада, за која се смета дека во неа се тестирале „паметни“ алатки и оружје.

Ричелсон верува дека новиот документ, покажува дека ЦИА станала помалку таинствена околу постоењето на Областа 51.

Во документот натаму се наведува дека група луѓе се согласиле дека оваа локација е „идеална за тестирање“ на У-2 и обука на пилоти.

Лесниот шпионски авион У-2 го изработи компанијата „Локхид“ во својата тајна постројка „Сканк воркс“ во Брубанк, Калифорнија.

ЦИА тогаш, како што пишува во документот, ја повикала Агенцијата за атомска енергија да ја пренесе во своја сопственост областа на езерото Грум.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1