Ракот настанува поради мутација на гените, тврдат британските експерти кои за првпат направиле „лексикон на генетските мутации“, одговорни за 30 најчести типови на рак.
Врз основа на проучување на канцерогените заболувања кај седум илјади пациенти, британскиот тим од институтот „Велком Траст Сангер Институт“, направил своевиден лексикон за причините на најчестите облици на рак, кој може да го забрзаат процесот на пронаоѓање на лек за таа болест.
Во извештајот кој беше претставен во новиот број на весникот „Натуре“ откриени се промени во генетскиот код одговорни за 97% од 30 најчести малигни тумори.
Според нивното објаснување, туморите настануваат кога ќелиите, покрај мутација на гените, се побрзо се размножуваат и тоа на неправилен начин. Во нив може да се собере цела низа мутации, поради кои ќелиите ќе се трансформираат во смртоносни канцерогени ткива.
Тие идентификувале 21 образец на мутирање на гените кои се во неспоредна врска со појавата на рак. Во најголем број случаи, успешно се издвоени и биолошките процеси кои се одговорни за јавување на болеста.
Секој облик на канцер почива на најмалку две генетски мутации, во зависност од сложеноста на заболувањето.Како за пример, ракот на јајници е поврзан со две мутации на генот, додека во случај на рак на панкреасот клучни се шест мутации. Поедини воочени обрасци и мутации поврзани се само за еден вид рак, додека има и такви кои се воочуваат кај неколку слични заболувања.
Интересно е дека од 30 проучувани видови рак, дури 25 се во непосредна врска со процесот на стареење на организмот. Меѓутоа, од откриени 21 мутација, за 12 од нив не постои објаснување. Професорот Мајк Стартон, директор на институтот вели дека е многу возбуден поради овие резултати.
-Во геномата на ракот сокриени се овие знаци, односно причинители кои откриваат што навистина го предизвикува ракот и тоа е многу важно. Тоа не води во нови подрачја за кои порано не знаевме дека постојат- вели тој.
Според неговите зборови, ова откритие би требало да биде одлична основа за препишување на делотворни терапии, но пред се за пронаоѓање на лек за најголем број канцерогени заболувања.