Намалени хонорари за дописниците, избркани сниматели – сеча на работници во Канал 5?


Што се случува во медиумите и до кога медиумските работници ќе се третираат како да се од улица???

Последните информации се за телевизијата Канал 5. пред неколку дена без најава, без предупредување биле избркани двајца сниматели. Едниот од нив познат меѓу колегите како ,,Шеќер,, избркан по 11 години работа во оваа телевизија. Човек професионалец со академија и безброј снимања и преноси во својата биографија. Според информациите од нашите извори отказот го добил додека бил на годишен одмор. Пред само неколку недели од оваа телевизија беше избркана речиси комплетната спортска редакција. Веднаш потоа на сите вработени, поради финансиска криза им биле намалени платите за 10 насто.

Вчера нов шок – на удар дописниците. Полека но сигурно газдите на телевизиите го убиваат новинарството во внатрешноста.

Имено според информациите кои до нас ги доставија неколку дописници кои сакаат да останат анонимни за да не добијат експресен отказ, телевизијата без најава им ги намалила хонорарите.

Имено наместо по 10 .000 денари за цел месец рмбање дел од нив добиле по еднај 3000 денари. Според информациите откази добиле и двајца дописници на оваа телевизија – од Делчево и од Дебар.

Ова е втора ,,сеча,, на дописниците за кратко време. Претходно во МПМ не им беа исплатени хонорари по што дописниците беа принудени самите да си заминат.

,, Понижување, деградирање, уништување на новинарската професија,, коментираат оние кои не контактираа.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1