Евтини станови на добри локации за „Купи куќа-купи стан“


На граѓаните им се на располагање евтини станови од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, што може да ги купат преку владиниот проект „Купи куќа – купи стан“, смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

stanЛокацијата на становите, оцени, е одлична, во  урбана населба на 10-ина минути од центарот на Скопје, со училиште, градинка, зеленило и се што е потребно за нормално урбано живеење. – Апелирам до сите граѓани кои  имаат потреба од стан и кои сакаат да ја искористат можноста што ја нуди и Јавното претпријатие со понудата на овие станови, но и Владата  со проекетот „Купи куќа – купи стан“, рече вицепремиерот Ставрески.

Покрај во Реонскиот центар, укажа,  државното претпријатие гради станови и во Прилеп, Битола,  Охрид, Кавадарци, Штип, Струмица, Пехчево. Има на располагање околу 300 стана што можат да се купат по цена меѓу 300 и 600 евра по метар квадартен, што,  нагласи вицепремиерот, е навистина е извонредна понуда.

– Има понуда и на куќи. Од она што го  знам е дека „Хот и хот“ нуди куќи во радишани, во Соње, а во текот  на следните месеци ќе има понуда и во Хиподром и во Илинден, што значи  дека граѓаните што сакаат да  направат куќа или да стекнат сопствена куќа можат да го направат тоа со проектот „Купи куќа, купи стан“ со  извонредно поволни услови. Оние кои сакаат  да искористат субвенции од државата со тој проект може да добијат 15.000 евра  за купување  или изградба на куќа и 10.000 евра доколку се решат да купат стан, рече Ставрески.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1