Габи Вилијамс има 8 години, а се уште е во пелени. Има кожа на бебе и е зависна од својата мајка. Зошто не расте и не се развива како другите деца, кој е генетскиот прекинувач на стареењето кај Габи? Одговорот на ова прашање научниците се обидуваат да го најдат веќе долго време.
„На некои луѓе нешто им се случува и процесот на развивање се запира. Стапката на промени на телото станува занемарлива“, вели научникот Ричард Вокер од Флорида.
Кај еден од малкуте слични случаи кои ги проучувал Вокер нашол оштетување на ген кој предизвикал развојна инерција.
„Кога би можеле да го идентификуваме тој ген би го откриле прекинувачот и би биле биолошки бесмртни. Болестите и несреќите пак би ги прекинувале животите на луѓето, но би биле физички и психички способни, никогаш не би биле стари“, вели тој.
Но состојбата на Габи не е добра. Кај луѓето како неа се јавуваат големи здравствени проблеми -глувост, неспособност да одат, да јадат, да говорат.
Мајката на Габи вели дека нејзината ќерка речиси воопшто не пораснала за една година.
„Користевме пелени за помали бебиња, сега користиме за бебиња до 6 месеци. Доби само половина килограм на тежина“, вели Мери Маргарет Вилијамс.
Таа мислела дека Габи нема долго да живее.
„Но, ги надмина нашите очекувања. Наскоро ќе полни 9 години. Сигурна сум дека ќе оди во рајот, само се надевам дека тоа нема да биде скоро“, вели мајката на девојчето чија состојба никој не може да ја одгатне.