Бугарите беа окупатори и крадеа од црквите во Македонија


Бугарската војска беше окупаторска, а таа држава сега треба да ги врати црковните реликвии украдени во текот на двете светски војни од манастирите „Свети Јован Претеча“ над Серес и „Света Богородица – Kосиница“, Драмско, кои сега се чуваат во музеи и во институции во Софија. Освен ова, бугарската страна треба да ги плати и штетите што се направени при ограбувањето на манастирите. Статија со вакви барања минатиот четврток беше објавена во еден од најпознатите грчки весници „Kатимерини“ од авторот Ставрос Цима и во неа се потсетува на кражбите на бугарската војска по православните цркви и манастири во Егејска Македонија.

urkradeni artefaktiНо, напоредно со ова се најавува директен ангажман на грчките црковни власти со цел мноштвото икони, ракописи, предмети… да бидат вратени на храмовите од кои се украдени. Таквата акција ја најавува високиот достоинственик на Грчката православна црква, митрополит на Драма, г. Павел, кој во изјавата за грчкиот весник наведува дека е убеден дека црковното богатство ќе биде вратено.

– На добар пат сме. Освен за ракописите, ние не се откажуваме од правото да ги добиеме и сите украдени реликвии од „Kосиница“ и од другите манастири од источна Македонија и од Тракија и го чекаме тој час. Не само што треба да ни ги вратат реликвиите, туку и треба да не обесштетат за штетите предизвикани со пукањето кон манастирот – изјави овој владика за „Kатимерини“.

Според сознанијата, најголемиот број од овие вредни артефакти сега се чуваат во Националниот историски музеј во Софија на чие чело е познатиот бугарски историчар Божидар Димитров, во македонската јавност познат како негатор на посебноста на македонската нација и на идентитетот. Реликвиите од Серес и од Драма неколкупати досега биле јавно претставувани на изложбите на кои се претставувало „бугарското“ културно и духовно наследство.

– Во периодот на Првата светска војна, конкретно во 1917 година, бугарската војска се оддава на грабежи и, меѓу другите, ги соголува византиските цркви и манастири, манастирот „Kосиница“, кој на грчки се нарекува „Икосифиниса“, манастирот „Свети Јован Претеча“ над Серес и други во регионот на Kсанти. Од нив земаат црковни книги, икони, ракописи, с` она за што е проценето дека има историска и духовна вредност. Бугарската страна првично не признавала дека ги поседува реликвиите, но потоа тие почнале да се појавуваат по музејски изложби и библиотеки. Грчки специјалисти успеале да ги идентификуваат украдените предмети и оттогаш периодично го иницирале прашањето за нивното враќање – потенцира весникот.

Бранко Ѓорѓевски за Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1