Погоден во срце пред станот на бремената вереница


Раденко Поповиќ (31) од Кач, Србија, во неделата вечерта бил брутално застрелан во заседа по добиениот телефонскиот повик. Се симнал пред зградата во новосадската населба Нова детелинара и бил дочекан со истрели од автоматска пушка од непознат убиец.

ubistvo srbijaТој дошол кај девојката Мате, со која се верил тој ден. Девојката е бремена во петиот месец. Според нејзините изјави Радојко бил повикан преку телефон. А кога се симнал биле испукани 15 куршуми. Некои од нив завршиле во фасадата на зградата.

– Неговата девојка стоеше и лелекаше на сет глас. Се тресев од страв кога го видов како лежи крвава на асфалтот. Влегов дома и побарав итна помош. За жал не можеше да му се помогне, изјавила сосетка.

Раденко бил ранет и во 2006 година во ноември во новосадската кафеана „Црвена кафана” Имал тешка повреда на левата рака од куршум што го испукал негов сограѓанин.
Овој судски процес се уште не бил завршен, како што пишуваат српските медиуми. Наводно сите од кафеаната се откажале од тужбата против човекот Што пукал, освен Раденко.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1