Владо Јаневски бара 2.500 евра, Каролина 2.000 – за колку пари пеат македонските пејачи?


Најскапо платен македонски музичар е Кирил Џајковски, кој бара од 5.000 до 8.000 евра. А кога веќе зборуваме за домашните пејачки имиња, колку за споредба најскап е Владо Јаневски, кој бара 2.500 (и тоа пее на плејбек).

dramskivladoИ Каролина Гочева си држи цена, но е варијабилна и зависи од тоа дали пее на плејбек, во живо или е придружувана од бенд. Доколу пее на плејбек цената и е околу 1.000, а ако настапот е со бенд достигнува цена од 2.000 до 2.500 евра.

Слаткар и Елена Ристевска бараат околу 1.000 евра, Тамара 600 за настап во клуб, додека Влатко Илиевски 100 евра помалку. Александар Тарабунов се задоволува со 400 евра… Бараат, а дали добиваат?!

Публика тешко, хитови тенко, а и многу има печалбари од соседството, кои летово од Скопје и скопските отворени дискотеки добија шут-карта, ама затоа растурија низ внатрешноста, пишува Вечер.
Колку пари бараат пејачите од соседството прочитајте тука

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1