Менинг осуден на 35 години затвор за случајот „Викиликс“


Американскиот војник Бредли Менинг беше осуден на 35 години затвор за оддавање стотици илјади доверливи воени и дипломатски тајни на групата против тајност „Викиликс“, што беше најголемо разоткривање од таков вид во историјата на земјата.

meningНа кусото сослушување, воениот судија не понуди никакво објаснување за пресудата. Менинг стоеше внимателно и без реакција. За време на судењето, 25-годишникот беше нарекуван човек што открива тајни и предавник.

Обвинителството бараше минимум 60-годишна затворска казна, велејќи дека тоа ќе ги обескуражи другите војници да ги следат стапките на Менинг. Одбраната сугерираше затворска казна од не повеќе од 25 години за да може Менинг повторно да си го изгради животот. На Менинг ќе му бидат пресметани трите години поминати во притвор, но ќе мора да одлежи најмалку една третина од казната, пред да може да побара помилување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1