Сосема е неверојатно дека при засидрувањето на голем брод на песокот на преполната плажа ниту еден од присутните не е повреден. Но, дури и да дошло до некаква повреда, руската војска не би била виновна, бидејќи плажата е во нејзина сопственост и цивилите не смееле ниту да се наоѓаат таму.
Значи, се работело за регуларна воена вежба, освен што на полигонот во моментот имало многу луѓе во костими за капење кои таму се капеле, очигледно несвесни за големата опасност која им се заканувала.
Руската војска често изведува вакви воени вежби, особено во последно време. Путин често знае да ги разбуди единиците сред ноќ и да ја крене целата војска на нозе. Неодамна, при најголемата воена вежба која Русија ја памети, тој ги повика сите одбрамбени сили на земјата сред ноќ, со цел да види дали едната од најмоќните армии на светот е секогаш подготвена да направи се’ за да ја заштити татковината.
„Ова го направив за да докажам дека нашата армија е секогаш на готовс, без разлика што и да се случи“ – изјавил таткото на Русија, Владимир Путин.
Сцената на видеата изгледа како фрагмент од некој од филмовите за тајниот агент 007: на преполната плажа одеднаш се појавува огромниот воен брод, вода прска на сите страни, а зачудените капачи остануваат без коментар. Некои од нив дури и се несвесни што се случува, па забораваат да се тргнат и да излезат од водата.
Точка