На луѓето им е познато дека денешната храна главно е не квалитетна, како поради лошите состојки, така и поради тоа што се огледува во нехумани услови. Меѓутоа, овде не станува збор за квалитетот на храната и за пестицидите кои го уништуваат нашето здравје, туку исклучиво за јадења кои можат да ве убијат на лице место, пишува Нова Македонија.
Всушност, во прашање се вистински случувања кои се случиле ширум светот и кои само докажале дека со поедини производи не треба да се игра. Следните примери укажуваат на луѓе кои ги изгубиле животите при обиди да јадат одредена храна, или да заработат тешки повреди. Еве за кои производи станува збор.
Хамбургер- овој случај не завршил со смрт, но довел до сериозни повреди. Имено, една Американка јадејќи дупли хамбургер успеала себе си да си ја скрши вилицата.
Лигњи– минатата година една 63 годишна Кореанка јадела лигњи, а потоа почувствувала силна болка. Во болница се констатирало дека останала трудна со 12 мали лигњи откако успеала да гризне кеса во која се наоѓала семена течност од лигња, што довело до оплодување.
Јајца– минатата недела еден човек од Тунис, Дхао Фатнаси, паднал откако поради обложување се обидел да изеде 30 сирови јајца. Последиците биле фатални. Одеднаш паднал и започнал да чувствува силни болки. Починал на пат до болница.
Бубашваби- Едвард Арчболд починал пред две недели на натпревар во јадење бубашваби во кинескиот град Вухану. До смртта дошло така што една од бубашвабите му ги затнала дишните патишта.
Чили– во декември 2012 година еден 26 годишен човек бил префрлен во болница, откако изел цела порција лути чили. Тоа довело до создавање дупки во неговиот стомак, по што умрел искашлувајќи крв.
Велосипед- непознат јунак од Србија во 2011 година се фалел дека може да изеде цел велосипед, а притоа да не му биде ништо. Меѓутоа се тргнало на лошо кога една педала му застанала во грлото. Во текот на итната интервенција, хирурзите му извадиле околу пет килограми метал и два златни прстени од неговиот стомак.
Колачиња од житарици- кујнскиот персонал од едно училиште во Англија забранило продажба на триаголни колачи од житарици, откако едно момче се повредило. Имено, наредено било да се продаваат исклучиво четириаголни колачиња, затоа што триаголните за малку ќе му „изваделе„ око на момчето кое било погодено од страна на другарите.
Училишен колач– десетина деца биле повредени при голема тепачка која избила за време на ручекот во едно училиште во Охајо. Децата завршиле со повреди на главата, модринки, посекотини, а имало и случаи на скршени зглобови.
Nova Makedonija