Агенцијата за заштита на животната средина на САД, ги дава следниве инструкции во случај да ви се скрши штедлива сијалица:
1. Отворете го прозорецот и напуштете ја просторијата. Оставете да се проветри 15 минути.
2. Не ги допирајте остатоците од сијалицата со голи раце затоа што живата продира низ кожата. Покрупните делови соберете ги со картон, а ситните со леплива лента.
3. Избришете го подот со влажна хартија или крпа.
4. Доколку остатоците ги собирате со правосмукалка, користете хартиена кеса.
5. Сите предмети употребени за чистење, како и хартиена кеса од правосмукалката ставете ги во пластична кеса и добро врзете ја.
6. Облеката или постелнината врз која паднале деловите од сијалицата, треба да се фрлат и воопшто не смеат да се употребуваат.
Primetime